TOW#630 — Потсетување

Tip of the week
2 min readJan 20, 2022

--

Потсетување не е исто што и повторување, бар не во овој совет што сакам да го споделам со вас.

Ова е за потсетување ваше, мое, кога некој друг не потсетува итн.

Она што не е ОК е да ве потсетуваат. Посебно на работа. Не е убаво и не само тоа, туку остава впечаток дека сте неодговорни, повеќе нема да се ослонуваат на вас и да ви даваат обврски.

За да не се случува тоа, најдобро е да бидете одговорни и да барате временска рамка да ви се дава за обврските што ви се даваат, за да може да знаете која обврска до кога ќе треба да ја извршите, за да не ве потсетуваат.

Но, кога сме веќе кај потсеутвањата, јас да си кажам за мене дека телефонот ми е полн со разно разни потсетници! Некои од нив ги имам и ставено да ме потсетуваат на дневна основа, некои од нив ми се на месечна, годишна, а имам и адхок потсетници! Адхок потсетниците ми се тие кои ги поставувам кога нешто ќе се договорам со некого и да знам кога и што треба да направам.

Но она што е многу важно е да не ве потсети потсетникот на крајниот рок, туку да имате цело време увид во тоа што и кога треба да се заврши. За таа цел, користам:

- Дневен планограм — најчесто е ToDo листа за тековниот ден. Истата искача од неделниот план, но секоја вечер или на крајот на работниот ден, си правам план за наредниот ден. Еден вид потсетник на прво, сите работи, па после тоа приортезирам и правам план за кога ќе го завршам нештото за тој ден. Ги сведов на вкупно 5 работи (квалитетно) можам да ги извршам.

- Неделен планограм — истиот е во хартиена верзија и во него ми се запишани сите работи кои треба да ги направам за таа недела. Со кога треба кога да се видам и за што треба да се видам.

- Месечен планограм — за тоа користам електронска верзија која е календарот кој го имам на компјутер/телефон. Во истиот се наведени работи кои се во текот на месецот. Истите тие, кога ќе дојде неделата која треба да се спроведат/извршат, ги ставам во неделниот. Месечните ги гледам на крајот на тековниот месец, за наредниот!

Генерално, потсетниците ги сакам, затоа што некои од нив ми преоѓаат во некоја дневна, неделна или месечна рутина. Со тек на време бледнеат и ги бришам. Исто така, добри се, затоа што ти го организираат денот, ме ставаат во работна функција и секако, ме поттикнуваат да секој ден бидам подобар и да завршам повеќе и повеќе работа! Не дозволувам на работа да ми е досадно, па веројатно и затоа си ја сакам работата која ја работам.

Ве поттикнувам и вас да станете попродуктивни, еден начин е со потсетници!

Со успех во имплементацијата,

@kalin.babusku

--

--

Tip of the week
Tip of the week

Written by Tip of the week

An interactive handbook for personal and professional development. Dedicated to CHANGE - in all its glory!

No responses yet