TOW#632 — Збунет
Не еднаш во животот сум бил збунет.
Не еднаш во живото сте биле збунети.
Не дека е прв пат, но и дека е последен пат.
Но, веќе е време да се намали таа збунетост и да сте помалку збунети. Има некогаш кога ќе сте збунети поради некои фактори кои не се во ваш домен на делување (политика, однесување на глобални економии и слично) и тука нема помош и имате две опции — или да истражите малку повеќе, зошто е тоа така или едноставно да преминете преку тоа и д акажете: јас не можам да влијаам на ова и одиме понатака!
Но што и кои се они работи кои ве прават збунети на работа. Некои од најчестите причини се:
- Комуникација — не знам каков е вашиот начин на комуникација во компанијата, но главно се сведува на тоа дека збунетоста доаѓа од недореченост на работите, лоша или мис-комуникација и слично. Но најмногу, барем според статистики и искуство, се сведува на недореченост. Кога ќе кажам недореченост, мислам најмногу на недефинирани работи кои оставаат две или повеќе можности. И тука се доведувате во ситуација каде, што и да направите е погрешно, или да не знаете што се очекува од вас, или да не знаете што понатака и сте во еден негативен луп. Е па, за да не бидете во таков негативен луп, само замолете да се дефинираат работите, за да знаете што понатака.
- Очекувања — поврзано е и со претходното, но и не мора. Еве да ве прашам: знаете ли што се очекува од вас? Дали се менуваат очекувањата многу лесно? Колку често се менуваат очекувањата од вас? Мене тоа ми предизвикувало збунетост и нормално прашање: добро бе, што очекува/ат од мене? Вчера рековме дека ќе работиме вака, а после 3 месеци, ајде нешто друго? Ако тоа се случува пречесто, сосема е нормално да има збунетост, но и еден вид пад во извршување на работите. Сите ние сме суштества од навика, па затоа треба јасно да се наведат и да се дефинираат очекувања (а и да се даде и да се дефинира одреден рок) за да бидете сигурни во кој правец да се движите, а и сите да може да ги мониторираме.
- Вашата улога — која е вашата улога во компанијата, во тимот? Дали таа е добро дефинирана и дали е статична или често се менува? Е па, ако го имате одговор на овие прашања, не знам зошто сте збунети, но ако ги немате, тогаш е сосема логично да бидете збунети! Дополнително на тоа, доколку ова не е дефинирано, повлекувањето во себе и неактивноста се логична последица. Зошто да се учествува во некоја работа во која после тоа ќе бидете извикани — зашто не сте ја извршиле добро? Само со дефинирана улога може да се ?????
Сега кога ги знаеме барем трите основни причини за вашата/нашата збунетост, побарајте некои од овие три, во зависност кое е присутно во моментот, да се дефинираат и да се разјаснат, можно е да бидете помалку збунети. Но секако, нема да биде ни прв ни последен пат да сте збунети, но сепак, не оставајте тоа да трае предолго!
Со успех во збунетоста :)
@kalinbabushku