TOW#634 — Ветување

Tip of the week
2 min readFeb 17, 2022

--

Ветувањето е често вреднувано како основна вредност на една личност. Ветувањето се дефинира како концепт на „она што си го рекол, исполни го” или „прави го она што си рекол дека ќе го направиш, а не да се пишманиш!”

Од друга страна, пак, многу лесно даваме ветувања. Ама навистина многу лесно нешто изјавуваме или ветуваме и после тоа не нема да го исполниме тоа што сме го рекле! Аман луѓе, не оди тоа така, ако нешто сте рекле и ветиле, обидете се да не го менувате на секои два дена, туку бидете карактер и исполнете го! А не после тоа, ама чекај ќе се повлечам, да размислам или не знам што… бидете карактер до крај!!

Но, ајде да видиме како да не ги прекршиме ветувањата кои сме ги дале:

- Тимот — вежбајте со тимот како да креираат, но и да ги исполнуваат ветувања. Но, тоа прво треба да почне од вас самите, а не денес сте договориле едно, а после некое време барате изговори да не го исполните договореното. Тоа делува збунувачки, како кај тимот, така и кај вас самите. Од друга страна, немојте да очекувате промени кај тимот преку ноќ, но работите на тоа да стане вообичаена работа!

- Следење — ако нешто е ветено, тогаш дајте рок до кога треба да се исполни. Направете фази, секоја од нив да има временски рок, во исполнување на она што треба да се изврши. Дополнително на ова, јавното следење во извршување на ветувањата значи притисок во извршувањето, но и намалување на можноста за „разумно” оправдување за неисполнување на ветувањето.

- Број на ветувања — лимитирајте го бројот на ветувања. Некако многу лесно се расфрлате со ветувања, па на крај не ни можете да запаметите што, колку и кому сте му ветиле. Како кај вас, ова направете го и кај вработените или членовите на тимот.

- Потврда — сè е убаво околу ветувањето, но дали сме се разбрале што сме ветиле? Во најголемиот број случаи, не е баш така, затоа што на крај испаѓа дека тој/таа што ветиле нешто мислеле едно, вие друго и ајдееее… не бе луѓе, прво да се разбереме, па после да се фрламе на работа.

И да знаете, ветувањата не се само од типот на ветувам дека ова и ова, туку да знаете дека зад она што сте го кажале, стоите вие. Внимавајте што кажувате, да не биде после тоа дека ќе се пишманите или извртувате тоа што сте го кажале, ама не мислев јас така туку бла бла…

Затоа, пред да ветите нешто, прво, не ветувајте веднаш туку прво распрашајте се лево/десно, консултирајте се со себеси и со другите, па дури после донесете одлука, дали да ветите дека ќе го исполните кажаното.

Со успех во исполнувања на ветеното/кажаното,

@kalinbabusku

--

--

Tip of the week
Tip of the week

Written by Tip of the week

An interactive handbook for personal and professional development. Dedicated to CHANGE - in all its glory!

No responses yet