TOW#645 — Пролет

Tip of the week
1 min readMay 5, 2022

--

Пролетта е сезона на нови почетоци. Навистина е убаво време од годината, особено за оние кои сакаат да ги зајакнат своите бизниси и креативни активности.

Пролетната сезона носи чувства на среќа и надеж кај луѓето. Овој период од годината е дополнителен поттик и мотивација на луѓето да напредуваат во својата работа, на позицијата во која се, да направат промени на својот бизнис (веб страна, каталог, презентација). Рекламите/Маркетингот е сосема различен, нов и креативен. Пристапот на луѓето е различен и нов!

Дополнително на ова, пролетта како период на нови почетоци е период на чистење. Чистење со старото, започнување со ново, подобро и поубаво! Започнува од чистење со старите навики и започнување со нови навики па се до најситни детали како што се канцеларии, работно место, пристапи итн.

Некои дури и го врзуваат и со започнување на остварување на новогодишните резолуции.

Затоа, искористете го овој период за нови почетоци со нови, но и веќе проверени, соработници/колеги!

Имајте прекрасна пролет,

@kalinbabusku
љубител на пролетта

и член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com

--

--

Tip of the week
Tip of the week

Written by Tip of the week

An interactive handbook for personal and professional development. Dedicated to CHANGE - in all its glory!

No responses yet