TOW#647 — Делегирање

Tip of the week
2 min readMay 19, 2022

--

Како што јас можам да ја завршам работата, никој друг не може. Демек никој подобро од мене.
Тоа е замка која секој од нас ја има, замка за наш неуспех, наше не напредување, наш застој, но ај што е наш/индивидуален, туку и на целиот тим, колектив или компанија каде што работиме.
Да, сам најдобро можеш да ја направиш работата, но тоа не е поентата, затоа постојат тимовите. А за да можат тимовите убаво да функционираат потребно е убаво делегирање на обврски, но исполнување на истите. Делегирањето е процес кој понекогаш може да биде многу долг. Тоа е процес на едукација и пренесување на знаење кај другите. Секако, не е секоја обврска за делегирање и не на секој можеш да му делегираш.

Кога ќе ја постигнам фирмата да работи така да нема потреба од мене, тогаш мислам дека сум го достигнал врвот на менаџирање” — Зоран (мој драг пријател)

Како до успешно делегирање:

  • Вистинска личност — поврзете ги вештините и способностите на личноста на која треба да и делегирате со тежината на задачата која треба да ја делегирате
  • Резултати — наведете ги јасно и гласно (па дури и пишано) резултатите кои сакате и кои очекувате да се исполнат, но и критериумите кои треба да се исполнат за извршување на задачата
  • Краен рок — јасно и гласно наведете го крајниот рок кога ќе треба да се изврши, но и да е реална и во рамките на одговорноста
  • Авторитет — определете го нивото на авторитет кое треба да го има личноста на која и делегирате одговорност или извршување на задача и истото ниво да си искомуницира со сите инволвирани во целиот процес. Нема ништо пофрустрирачки од моментот кога се има одговорност, но без некое ниво на авторитет. Тогаш “минирањата” од другите е многу можен, а со тоа и се доведува во прашање и завршување на работата
  • Следење на резултатите — многу е важно да се постават системи на известување за напредокот на извршување на работата, но и комуницирање на проблемите кои се јавуваат во текот на извршувањето на задачата.

Но она што сум приметил, а е многу важно во процесот на делегирање е комуникацијата. За нејзе многу пати сме пишувале и сме ве советувале дека е важна во многу сегменти од нашите секојдневни активности, но во процесот на делегирање, комуникацијата меѓу сите инволвирани страни мора да биде максимално отворена. Не сме да има никакви скриени работи.

Со успех во делегирањето,

@kalinbabusku

Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com

--

--

Tip of the week
Tip of the week

Written by Tip of the week

An interactive handbook for personal and professional development. Dedicated to CHANGE - in all its glory!

No responses yet