TOW#649 — Одложување
Сè почесто и почесто се соочувам со моментот на одложување на извршување на работите. Дали од колегите, дали од партнерите, дали од самиот себе, дали од пријатели, дали дома, ама сè почесто и почесто е веќе.
А башка и овој совет на неделата го објавуваме тек сега, баш поради одложувањето! :) :)
Одложувањето е чин на одложување на некоја задача/работа за подоцна или за наредниот ден или пак во последен момент, а истото сме требале да го направиме денес/сега. Но не е до ништо туку се сведува на тоа дека одложувањето е бегање од одговорност!
Е ај да видиме како да не одложуваме:
- Прва работа наутро — ако се плашите (не во буквална смисла на зборот) нешто да направите тогаш одложувањето е неминовно, а со тоа и доста креативни изговори зашто да се одложи. Затоа, една од работите кои веднаш треба да ги направите е НАПРАВИ ГО ВЕДНАШ!! Без одложување!
- Ветување — држете се до она што сте го ветиле, без разлика дали сами на себе или на другите. Најлесно е да се одложи, најтешко е остварување на ветеното! Од друга пак страна, ако сте ветиле некому, немојте да спиете на тоа уво дека ќе заборави, нема да му/и текне! Најстрашно е кога ќе им текне, а работата не е извршена (одложена).
- Реални цели — најчеста причина за одложување на работите е поставување на нереални цели. Се поставуваат и прифаќаат крајно амбициозни цели за да се остави впечаток дека можете и умеете, но кога реалноста ќе ве мавне, тогаш на сцена настапува одложувањето (како што пишав погоре) причина за бегање од одговорноста. Затоа, целите треба да се:
- Реални — дали може да се постигнат во даденото време и со дадените ресурси;
- Јасни — дали точно знаеме што се бара од нас;
- Мерливи — дали има мерливи показатели со кои можеме да кажеме дали е добро или не добро завршена работата.
- First things first — погрижете се да не користите мали задачи за да ги отфрлите големите. Се наоѓам понекогаш себеси како одговарам на е-пошта наместо да направам нешто што сум требал да направам, или читам некоја статија, наместо да се завршам со некоја обврска одма и веднаш. Не дека овие помали задачи не се важни, но не треба да ги користам за одложување.
- Приоретизирање — Приоритетите се многу важни, но поради нив не ги одложувајте другите работи.
- План — за да не одложувате, мора да направите план за извршување на работите и да се држите до него! Има една теорија, ако можеш да го направиш во следните 5–10 минути, тогаш направи го веднаш, во спротивно, направи план кога да го направиш! Ама па ова се коси со претходната точка.
Секако, од денеска, ве замолувам да прекинете со одложување на работите и прво дефинриајте дали треба/сакате/мора да ги направите и ако веќе треба/сакате/мора, тогаш направете ги, не ги одложувајте!
Со успех во промените,
Групата МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ
www.macedonia-export.com