TOW#651 — Има време

Tip of the week
1 min readJun 16, 2022

Една од поголемите лаги кои ќе си ги кажете е оваа. Особено ако работите некоја конкурентска работа како продажба. Е тогаш, нема време.
Поттик за овој текст ми е искуството од една моја блиска личност која мислејќи дека има време да аплицира за понуда на клиент, не само што ја пропушти туку и изгуби многу.

Да почнам од почеток:

· Голема фирма бара понуда на која може да се одговори позитивно бидејки компанијата каде што работи девојката ги исполнува сите барани услови.

· Рокот за пријавување e за 10тина дена

Претпоставувате што следи?

· Знаејќи дека ‘’има време’’, аплицирањето беше одложено за последниот ден.

· Страната за пријавување дента имаше технички проблем. Апликацијата не поминуваше.

· Рокот за пријавување истече во истиот момент кога помина апликацијата.

· Повратен одговор на ова беше дека, рокот за пријавување е завршен…

Играњето на сигурно дека тоа е тоа и дека се perfect match, дава слобода да се одложат нештата. Но, не секогаш излегува се по план.
Сакам да речам, приликите се грабаат. Не се оставаат за подоцна.

Или, што би рекол мојот претпоставен кога ќе го прашаме кога треба да се заврши нешто — одговорот е — вчера 😊

--

--

Tip of the week

An interactive handbook for personal and professional development. Dedicated to CHANGE - in all its glory!