TOW#652– Манипулатори
Идеално, односите помеѓу луѓето како приватно така и на работа би требало да кооперативни и со почит. Но тоа е во идеалниот свет.
За жал, сѐ повеќе и повеќе се соочуваме со манипулатори околу нас и секогаш е прашањето што да се прави во такви ситуации. Во која и да сте ситуација, дали приватно или на работа, мора да се реагира.
Прво да дефинирам што е манипулативен колега/човек. Како и во приватниот живот, така и на работа, тоа ви е човек кој се обидува да го промени однесувањето или постапките на другите, но и да ги обвини другите за неговите/нејзини (најчесто лоши) постапки! За да го постигнат тоа, тие употребуваат лаги, ги превртуваат работите и користат тактики. И кога сето ова ќе го земеме во предвид, нивната крајна цел е да се предизвика конфликт или непожелни чувства кај другата страна.
И сега, кога знаеме кој е тој/таа, како да се справиме со нив:
- Дефинирајте ја ситуацијата — дали се работи за манипулативен колега, дали средината е токсична и сака да ја направи токсична, дали извртува работи и прибира дека тој/таа се завршил, дали тонот на разговор е манипулативен, непријателски или со цел да наштети на односот. Оценете ги постапките, зборовите и однесувањето на личноста и целата ситуација во која сте.
- Самостојно средување на работите — прво треба да пробате сами да ја решите ситуацијата. Би било фино, пред воопшто да се впуштате во оваа ситуација, да се консултирате со други колеги, пријатели, па и некој професионалец. Ако веќе се обидувате да ја решите ситуацијата, пробајте тоа да биде лице в лице, со смирен тон, со објаснување на работите кои сте ги увиделе и кои ве повредуваат. Нема да биде лесно да се промени мислењето кај другата страна затоа што се уверени дека се во право, но ваше е да пробате затоа што следната фаза е
- Нека дознаат и претпоставените — има две опции тука, или ќе се реши ситуацијата или некој ќе си оди од тимот. Без разлика дали може да се реши ситуацијата или не уште во претходен момент, сепак другите треба да знаат. Претпоставените, за да знаат дека има таков човек во нивниот тим, а другите за да знаат за да не наседнат.
- Фокус на позитивните работи — Ако не успеете да ја промените личноста (не сака, не можете или било што), тогаш е најдоброто да се дистанцирате од истата, но и откако ќе се реши ситуацијата (самостојно или со помош на други), вака или така, потребно е фокусирање на позитивни работи и правење на позитивна атмосфера околу вас. Последиците од манипулацијата (негативни чувства) ќе останат уште долго време и на вас е како тие побргу да ги снема.
Знаете како, манипулатори имало, има и ќе има! Секој од нив пробува на овој или оној начин да ја направи ситуацијата во негова/нејзина корист, на вас е тоа што побргу да го увидите, реагирате и промените. Во спротивно, нивото его сѐ повеќе и повеќе расте и бројот на луѓе кои ќе ги изманипулираат од ден на ден ќе им расте!
Со успех нека ви е и се надевам дека сѐ помалку и помалку ќе има манипулатори околу нас,
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com