TOW#653 — Топлотен бран
2 min readJun 30, 2022
Како и секое лето, иако некако иде дека секое лето станува по топло и по топло, така и ова, се доближуваме со голема брзина кон невиден топлотен бран.
Да не останеме и ние покуси од она што насекаде се објавува, но навистина, пазете и бидете внимателни!
Неколку совети и од нас:
- Пијте течности, но избегнувајте многу кафиња, алкохол или сокови. Најдобро вода! Имајте вода покрај вас цело време!
- Не се изложувајте на сонце/топло доколку не мора. Ако мора, избегнувајте ги најтоплите периоди;
- Завршувајте ги работните обврски што порано во текот на денот, затоа што веќе во после пладневниот период, намалена ви е работоспособноста;
- Користете разладни уреди за ладење на работната просторија, но бидете внимателни! Немојте многу ладно да држите;
- Немојте да му предизвикувате шокови на телото и да работите во многу ладна просторија и да искочите надвор кога е најтопло;
- Јадете лесна храна;
- Бидете позитивни (топлото негативно влијае на расположението на луѓето);
- Носете лесна облека! Менаџери, променете правилник за облекување во овој период (не мора вратоврска, долги ракави, одела и слично) и адаптирајте го на новите услови;
- Имајте почести и пократки паузи кога ќе може да се рехидратирате;
- Спијте (доколку можете на топлово) повеќе за да може да бидете одморени на работа;
- Доколку можете, работете од дома.. но работете!
Секако, вие си знаете најдобро што ви помага најдобро да го поминете најбезболно овој период, но она што е важно да се знае, работата не смее да трпи поради тоа!
Лесен топол бран,
Групата МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com