TOW#655 — Лоши навики

Tip of the week
3 min readJul 28, 2022

--

Не знам дали знаете, но пред некој месец/недели (21.06 мислам дека беше) беше ден за откажување одлоши навики! Случајно дознав за ова во неврзан разговор со еден пријател и така почнавме да збориме за лошите навики кои ги имаме (на работа секако).

  • Доцнење (на работа, на состанок, во одговарање на повици итн) генерално;
  • Одложување;
  • Работа без прекин, Прескокнувања на појадок, ручек и други неформални дружби со колегите;
  • Премногу пауза и неработење;
  • Работа без план/цел;
  • Неорганизираност;
  • Никаква про-активност;
  • Лоша комуникација;
  • Живеење во комфорна зона и не сакање да се искочи од нејзе;
  • Одвлекување на внимание/намален или воопшто фокус;
  • Негативност и преголеми фрустрации;
  • Преголема флексибилност од страна на менаџментот;
  • …..

Беа само некои од лошите навики кои скоро секој од нас или ги има сите или бар дел од нив.
И двајцата се сложивме дека има денови/периоди кога едноставно некои од овие навики се на многу високо ниво, но генералната наша забелешка беше дека не само што не се намалува нивниот број туку и периодот на опстојување и зголемување на сите овие негативни навики е се поголем и поголем!
И добро, еве знаеме дека ги имаме, но што со тоа? Ако ги погледнете сите кои ги набројав(ме), секој ќе каже дека ги има и дека многу лесно може да се откаже од нив, но дали е тоа така? Во што е проблемот? Почнав да прашувам наоколу и ако може да сведам на неколку работи, тоа би било:

  • Незадоволство од работното место (плата, колеги, работни обврски итн)
  • Незадоволство од околината (пријатели, ѓубре на сите страни, метеж итн)
  • Незадоволство од системот (политика, држава, институции итн)
  • Многу интересно, цело време е незадоволство од другите, но никако од самите себе!

Епа другари, чисто да си знаете, дека секоја промена почнува од самите себе. Ниту системот ви е виновен, ниту работното место ви е виновно, ниту околината ви е виновна за сите оние погоре наведени лоши навики кои ги имате! Само вие сте виновни за тие лоши навики што ги имате и никој друг!
Има многу начини да ги прекинете некои или сите лоши навики, а еве ви неколку:

  • Остварување на таргети — има милион начини за мониторинг на истите. Некој прост начин е да ако имате дневен таргет од 30 контакти, залепете си пред вас 30 стикери и како остварите таргет, тргнете едно. Со тек на време ќе ви влезе во навика и нема да имате потреба од ова.
  • Престанете да одложувате — одложувањето е најголемиот проблем во намалување на лошите навики. Нека ве води мотото: ,,тоа што можете да го направите денес, немојте да го оставате за утре!!” Знам дека е клише ама така е! И кога ќе го направите пред време, наградете се, а и колегите. Ем што самите се мотивирате, но и мотивирате и околина!
  • Дневен календар — правете си дневен план, придржувајте се до него, мониторирајте што сте завршиле и зошто нештото не сте го завршиле (можеби одложувате) и како може да го направите подобро следниот пат.
  • Успех — радувајте му се на секој успех, па макар и мал бил! Тоа ќе ви даде поттик за да го направите следниот побрзо и подобро, но и да се промените!

Cо успех во менување на лошите навики кои ги имаме многу !

@kalinbabusku

Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com

--

--

Tip of the week
Tip of the week

Written by Tip of the week

An interactive handbook for personal and professional development. Dedicated to CHANGE - in all its glory!

No responses yet