TOW#657 — Моќта на негативните зборови!
Читав некоја студија дека едно дете слуша до 400 негативни збора во текот на еден ден! Ејјјј, 400 негативни збора за еден ден!!
Ако знаеме дека, за некои луѓе, зборовите имаат поголема значење од делата што се прават, можете да замислите како сето ова влијаело врз нив! Да, влијанието на зборовите е многу јако во текот на развојот на луѓето, оставаат последици.
Моќта на негативните зборови влијае врз:
- Намалена самодовербата — замислете цело време да ви зборат “немој ова/она”, “ова не е добро направено”, “немој вака” и други НЕ зборови? Самодовербата за следна работа која ќе ја направите ќе ви биде НУЛА а можда и под тоа.
- Резултати — добрите/одличните резултати ќе бидат намалени многу, како поради намалена самодоверба туку и несигурност во исполнување на обврските.
- Анксиозност (чувство на страв, возбуда, стрес и загриженост) — читав некои резултати дека со голема употреба на НE зборови кон некого, анксиозноста е долготрајна и со големи последици.
- Однесување — може да го замислите однесувањето на тие луѓе?!? Претпазливост на најЈако ставено и цело време се преиспитуваат дали нештото убаво и квалитетно го изработиле.
- Круша под круша паѓа — ако во текот на животот сте биле атакувани со овој збор исто како што секое дете е атакувано дневно, сосема е нормално да се очекува дека утре кога и вие ќе бидете на некоја раководна положба или родител, исто така да се однесувате. Време е вие да ја прекинете таа низа и да бидете повнимателни во употребата на негативните зборови!
Искрено, јас се згрозив од моќта на НЕ зборовите и колку истите можат да направат големи последици врз луѓето и почнав да се коригирам! Тоа ми е една од приоритетите!
Внимавајте и вие кога употребувате негативни (НЕ зборови) кон луѓето, последиците (може да) се големи!!
Со успех во промените,
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com