TOW#659 — Доверба
Имаше еднаш еден политички слоган: не ме оставајте сами!
Епа ќе бидете сам/и само поради довербата која луѓето ја имаат во вас. Се започнува со довербата!
Замислете да можете да се искажете и да си кажете што мислите, а при тоа да не бидете обвинети или навредени?!
Замислете само да можете да се потпрете на партнерот/соработникот?!
Да можете да имате доверба во пријател/соработник е најважна работа затоа што само тогаш може да имате напредок, заеднички.
Но затоа пак, ако ја снема довербата тогаш нема враќање назад! Сигурно тоа ви се случило безброј пати. Епа за да не ви се случи тоа, потребно е да се придржувате до правилото на 5те елементи (TRUST):
- Transparent (транспарентност) — бидете транспарентни со соработниците, искрени, отворени (ранливи), комуникативни и секогаш отворени за повратна информација, без скриена агенда! Давајте конструктивна критика. Придржувајте се до договореното и договарајте ги работите транспарентно.
- Respect (почит) — имајте почит кон себе и кон другите. Имајте почит кон времето на другите, нивните мислења и идеи. Ако имате политика на отворена соработка, не ја затворајте поради нетранспарентноста на еден член од тимот, туку баш напротив, бидете мотиватор секој околу вас да има почит кон другите.
- Unite (обединување) — бидете човек кој обединува. Не дозволувајте озборувања. Озборувањето е рак на тимот и довербата.
- Show (прикажи/покажи) — Покажете дека се грижите за соработниците преку транспарентност, почит, отворена комуникација. Тоа мора да почне од вас. Покажувајте го ова цело време, тоа не значи дека другата страна ќе го примети/прифати.
- Trust Building Activities (активности за градење доверба) — овие активности го градат моралот. Докажано е дека кога некој ужива во и со луѓето со кои работи/се дружи, тој/таа е посреќен и попродуктивен — а тоа не се случува случајно. Еден од начините да се подигне моралот и да се изгради доверба во исто време е да се обезбедат активности фокусирани на градење доверба во тимовите. Некои од активностите може да се:
- Неформални дружби
- Заедничко извршување на проекти
- Менување на улоги во групата
- И многу други.
Кога ќе споредите некаде каде што има доверба и некаде каде што довербата ја нема одавна, тогаш ќе може да приметите дека некои од TRUST моментите ги нема. Доколку сакате да ја промените таа ситуација, работете на зајакнување на некои до нив.
Со успех во градење на довербата,
@kalin.babusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com