TOW#660 — Проблем
Лелееее имаме проблем!
Но дали е навистина проблем или само мислиме дека е проблем? На ова ме поттикна да размислувам изјавата:
,,The problem is not the problem — The problem is your attitude about the problem.”
- Captain Jack Sparrow (од филмот: пиратите од Карибите)
Mе поттикна затоа што не знам дали навистина некогаш имаме проблем или само ние мислиме дека е проблем (од безброј причини) па го претставуваме како така.
Затоа, дај да видиме дали е реално проблем или не:
- Знаење/едукација — дали имате доволно познавање, знаење и едукација за она што мислите дека е проблем. Многу често знае проблем да биде нешто што не го познаваме и автоматски кажуваме дека имаме проблем. А што ако викнеме некој/а кој/а има познавање од проблематиката и тогаш веднаш проблем не е проблем туку само страв и паника.
- Време — времето знае да прави притисок врз нас и одлучувањето на некои работи, а кога сме во недостаток на време, тогаш секоја работа за која немате време, е проблем. Но дали е тоа така и дали со само реорганизирање на самите себе и инволвирање на други луѓе во реализацијата на работата, можеби времето веќе нема да прави притисок?! Еве не знам.
- Информации — немојте да бидете залажени и замаени ако во еден момент поради тоа што имате премногу информации, се јави чувство на проблем. Денес сме секојдневно “бомбардирани” со голем број на (потребни и непотребни) информации и треба да знаете како да истите ги складирате кај вас во глава во потребни, помалку потребни и непотребните да ги елиминирате иако јас мислам дека не постои непотребна информации. Да, информациите се денес извор на проблем, но затоа се и потреба за нормално функционирање.
- Пристап — ОК имаме проблем. Но, копнете малку под него и ќе видите многу работи како на пример: од каде доаѓа проблемот, кој го прави, зошто е направен и дали воопшто е проблем или е само онака, фрлена информација колку да се направи проблем?!
- Фокус — сме зборувале/пишувале многу за фокус и како тој може да влијае на работите, но тука навистина е многу важно да го имате односно да имате капацитет да го малку проширите истиот и да ги гледате работите од друга, поширока перспектива.
- Развој на настаните — анализирајте ги можните развои на настани на можниот проблем. Можеби па и не е проблем туку е решение за нешто?!
Но она што е важно да знаете, доколку ви е кажано како проблем, како и да е, мора да најдете решение за истиот. Можеби за вас е нереален проблем, но за некој е навистина проблем!
Со успех во дефинирањето на проблемите,
@kalin.babusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com