TOW#671 — Сé (за)почнува од мали работи
Сé започнува со “мали” задачи/активности.
Ако го наместиш кревет наутро, ќе имаш чувство дека првата задача што си си ја задал е веќе остварена. Тоа ќе ти даде чувство на гордост, но и поттик да ги направиш и другите задачи/активности кои си ги задал за во текот на денот. На крајот на денот, таа една и прва задача која си ја остварил/а ќе овозможи и другите задачи/активности кои си ги задал/а да се (успешно) завршени.
Но и таа прва задача која си си ја задал/а (намести го креветот или било која друга) ќе го потврдат фактот дека исполнување на “малите” задачи/активности се многу важни за понатамошен успех и остварување на “големите” задачи/активности.
Ако не можеш да направиш “мали” задачи/активности, тогаш не си подготвен да извршиш “големи” задачи/активности.
Со успех во извршување на “малите” задачи/активности,
Тимот Македонија Експорт