TOW#672 — Почитување

Tip of the week
2 min readNov 10, 2022

--

Чин на препознавање или разбирање дека нешто е вредно, важно или како што е опишано.

Можеби овојпат ќе личиме на 10-те Заповеди :) но од време на време убаво би било да се потсетиме на некои вредности:

  • Почитувајте ги своите колеги.
    Сепак, третина од денот поминувате со нив. Не мора да сте приватно пријатели, другари и останато, почитта е нешто сосема друго. Едноставно, почитувајте ги какви што се.
  • Почитувајте ги своите соработници.
    Изграден добар однос со соработниците е Вашата лична карта во Бизнис светот. Повторно, не е важно дали би се дружеле со нив, дали ви се допаѓаат нивните карактеристики или не. Зборуваме за почит.
  • Почитувајте го времето одвоено за вас.
    Без разлика дали станува збор за состанок, телефонски повик, или пак обука. Некој одвоил време за вас!
  • Почитувајте го туѓиот труд!
    Дали Вам ви се допаѓа или не она што е направено, е друго прашање. Некој се вложил да заврши нешто. Не фрлајте дрва и камења по него само бидејки Вие сте мислеле поинаку!
  • Почитувајте Рокови!
    Ако сте се договориле за заеднички рок, почитувајте го. Доколку гледате дека нема да успеете, предупредете ги колегите/соработниците навремено и заеднички предложете нов рок.
  • Почитувајте она што е договорено!
    Договор куќа гради и придржувајте се до тоа. Можда тоа што е договорено не ви се допаѓа, но ако е договорено, тогаш почитувајте го тоа!
  • Почитувајте ги оние кои веруваат во вас и кога грешите.
    Бидејки, од грешките учиме, а поддршката не’ мотивира да продолжиме понатаму.

Уште многу можеме да наредиме овде, но мислам дека ја доловивме поентата. На крајот на денот, ништо не не’ чини да сме љубезни и културни. Влогот е мал, а добивката огромна!

Со успех во промените,

Елена Мартиновска

Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com

--

--

Tip of the week

An interactive handbook for personal and professional development. Dedicated to CHANGE - in all its glory!