TOW#673 — ДРУГАТА СТРАНА НА ЛИСТОТ…

Дали сте виделе несреќен коњ? Дали сте виделе нерасположена птица? НЕ, затоа што ни коњот ни птицата не се трудат да ги импресионираат другите коњи и птици.
Дејл Карнеги

#Благодарноста е лесна и бесплатна, и целосно зависи од СТАВОТ и ФОКУСОТ кој ќе се постави. #Благодарноста е многу повеќе од кажување на благодарам за добро завршена работа или за добивање на некое добро кое се вреднува. #Благодарноста е СТАВ, начин како гледаме на сѐ она што не окружува. Покрај тоа што #Благодарноста е добра за нас добра е и за луѓето околу нас. Сите ги знаеме оние луѓе кои зрачат поинаку и кои се радуваме што ни го пресретнале патот за разлика од оние „другите луѓе“.

Како општествена вредност #Благодарноста носи некои научно докажани придобивки, и тоа:

  • благодарните луѓе се посреќни

Можеби и кога ќе си го напишеме животот на хартија личи одлично но хронично ни недостасува свесност и благодарност за она што го имаме. Не знам дали сте забележале дека АКО-ТОГАШ не ги дава посакуваните резултати, ако се присетиме на се што сме сакале пред 10 години, најверојатно повеќето работи ги имаме а не искажуваме свесно благодарност за нив секој ден. Или како што и Фјодор Михајлович Достоевски забележува „Човекот е склон да ги набројува своите неволји, но никогаш не ги набројува своите радости. Кога би ги набројувал според заслугата, би увидел дека секој има доволно среќа во животот.“

Сѐ е ПРИКАЗНА. Се што си кажуваме на себе е приказна т.е. како ние ги боиме работите (магијата е тоа да го правиме свесно и со ставот на благодарноста). Се раѓаме среќни и со многу вежба научуваме да бидеме несреќни, логиката упатува дека е можно и обратното.

Не е доволно да се ЗНАЕ, туку да се ПРАВИ за да се БИДЕ. Знаењето е за мозокот, а искуството е за телото, потребно е да креираме искуство со #Благодарноста за да ги почувствуваме бенефитите од неа. За тоа може да ни биде поддршка и една од вежбите/идеите споделени во е-книгата 30+ идеи за негување на ставот #Благодарам (ова не е комерцијална е-книга и ако сакате да ја запознаете и да ја поддржите идејата за ширење на #Благодарноста, посетете го линкот https://linktr.ee/licenizbor).

Вежба за промена на перцепцијата — Другата страна на листот… За оваа вежба ни е потребно малку тивко време сами со себе и еден бел лист хартија. Листот хартија го делиме на половина со превиткување (дали тоа ќе го направите хоризонтално или вертикално не е важно), она што е важно на левата страна да ги напишете грешките/неуспесите кои сте ги направиле, а на десната страна до секоја грешка/неуспех извадете ги лекциите од нив како и ползата која што запловила во вашиот живот како резултат на таа таканаречена грешка/неуспех, зачинето со што сте научиле од таа ситуација, како и кој сте станале. Ви посакувам да уживајте во вашите увиди и новите учења.
Доколку си одвоите време за оваа неверојатно едноставна и моќна вежба, оваа недела или било која друга, ќе согледате дека вашиот живот нема да биде вака богат и шарен без грешките од минатото. Затоа да бидеме понежни кон самите себе си и да го гледаме животот онаков каков што е, патека за само-откривање, личен развој и доживотно учење. Во основата на оваа вежба е техниката од НЛП (неуро-лингвистичко програмирање) со која што ние правиме reframing на она што ни се случило и го гледаме со нова рамка, со други наочари, од друга перспектива која може да биде ВРЕМЕНСКА на пример (колку ова што ме вознемирува денес ќе биде ова важно за 5 години? на пример) или промена на КОНТЕКСТ (во кој контекст би било ова добро/за што би било добро).

И ако додека го читавте ова си помисливте ова е супер ама немам време, знајте дека за важните работи одвојуваме време не наоѓаме време, зошто сите го имаме истото време.

Со успех во промените,
Ана Салтирова Давидовски
Кампања @ЛиченИзбор (https://linktr.ee/licenizbor)

--

--

An interactive handbook for personal and professional development. Dedicated to CHANGE - in all its glory!

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store
Tip of the week

An interactive handbook for personal and professional development. Dedicated to CHANGE - in all its glory!