TOW#674 — Слепо верување!

Пред неколку недели зборевме во една група, за напредокот и развојот на познати фаци од бизнис заедницата и почнавме да ги кажуваме/читаме нивните секојдневни рутини и што тоа нив ги направило да се толку успешни.
И како ги кажувавме/читавме нивните совети, неколкумина од луѓето што беа тука, едногласно рекоа дека ќе почитуваат тоа што они правеле за да и тие станат успешни.

Многу интересно!
Имаше едно правило на еден кој вика, станете порано (демек станувал во 05 сабајле) за да направите повеќе работи во текот на денот.
Имаше друго правило, станува уште порано и си прави утринска рутина (вежбање, читање, домашни обврски итн) па после му продолжува денот.

Интересно ми беше на почеток и си реков дека еј од утре ќе почнам и јас ама после тоа сфатив дека јас не сум тоа. Па јас ако станам во 05, тогаш нема ништо да направам и ај што нема ништо да направам туку и тоа што ќе го направам кој знае како ќе биде направено? Или овие што имаат некоја утринска рутина, додека ја направат, пола од денот им завршил во правење на бескорисни работи, а за корисните работи нема време.

Сакам да кажам, убаво е да се прочита и слушне како некој станал успешен или да се слушаат совети за успех и развој, но слепо да се верува во тоа и да се применува како што тој/таа го применува е премногу.
Не за друго, нивните рутини можда не се ваши рутини. Има многу работи кои влијаат на тоа дали нивната рутина е соодветна за вас и обратно. Некој е ранобудник, но некој функционира од подоцна. Некој е сам дома, некој е со деца. Некој живее блиску до работа, некој далеку итн.

Треба да ја сфатите суштината и да се адаптираат некои работи и да се стават во успешна функција на вашите потреби и навики. И секако, она што е најважно, потребно е да бидете отворени за промени!

Со успех во промените,

Калин Бабушку

Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com

--

An interactive handbook for personal and professional development. Dedicated to CHANGE - in all its glory!

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store
Tip of the week

An interactive handbook for personal and professional development. Dedicated to CHANGE - in all its glory!