TOW#675 — Правила во текст комуникација

Tip of the week
2 min readNov 30, 2022

--

Пред некоја недела добив порака со големи букви и се извадив од памет. Веднаш се јавив да видам во што е проблемот и од таа страна добив еден смирен одговор дека било грешка и дека сé е ОК и дека едноставно не видел/а дека употребил/а ГОЛЕМИ БУКВИ.

Абе грешка бе?!? Јас па се извадив од памет, ми требаше моменти да се соземам пред да се јавам, па си правев планови во глава а што ако ми каже ова, јас ќе кажам ова итн.

Знаете како, (текст) пораките стануваат дел од нашето секојдневие и кога веќе стануваат, тогаш треба да се придржуваме до некои основни правила:

  • ГОЛЕМИ БУКВИ — само кога сакате да истакнете дека негодувате некоја работа или огорченост од некоја работа, разочараност.
  • Подвлечени или Болдирани букви — само кога сакате да истакнете важност за некоја работа.
  • Редослед во комуникацијата — се допишувате, не се гледате што значи дека прво едниот пишува, па после тоа другиот пишува. Не се убацувајте во пишувањето, се губи редоследот и ако веќе се убацувате во разговорот, тогаш,
  • Користете reply — со тоа одговарате на тоа што мислите дека треба да се одговори, а не после неколку пораки, вие одговарате на некоја порака која е погоре напишана. Хаос и недоразбирање, 100%!
  • Должина — користете пократки пораки, но и имајте континуитет во пишувањето или објаснувањето. Ако знаете дека ќе биде долг континуитет, тогаш наведете и на другата страна дека ќе биде долго.
  • Симболи/емотикони — сега во последно време доста се интересни симболите/емотиконите и бидете внимателни со истите и нивното користење воопшто. Јас би играл на варијанта да не ги користите толку многу, не за друго, не знаете како тој/таа од другата страна го разбира симболиот/емотиконот кој што сте го користеле. Веќе ако користите, тогаш користете некои едноставни!
  • Прашај — ако нешто не разбирате што ви е напишано или што сакал авторот да каже со таа порака, прашајте си. Немојте да претпоставувате (сем ако така ви одговара) затоа што на крај ќе завршите со два различни момента.
  • Лоши информации — избегнувајте да пренесувате лоши информации преку пораки. Овој тип на комуникација бара подолга дискусија и постратешки пристап.
  • Подобро во говор — и за крај, доколку веќе можете, тогаш најдобро ќе биде да се слушнете или лице во лице да разговарате околу тоа што сте го збореле или планирате да го искомуницирате преку пораки. Пораките нека ви бидат на последно место во комуникацијата.

Бидете внимателни со пораките, а тие стануваат дел од нашето секојдневие. Гледајќи го сето ова погоре наведено, тие само може да ја усложнат и вака сложената и тешка ситуација во која се наоѓаме.

Со успех во промените,

@kalinbabusku

Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com

--

--

Tip of the week
Tip of the week

Written by Tip of the week

An interactive handbook for personal and professional development. Dedicated to CHANGE - in all its glory!

No responses yet