TOW#676 — Подготвен
Пред некоја недела бев на еден состанок на кој сите беа не подготвени за состанокот. Или можеби јас имав такво чувство ама некако состанокот ми немаше логика и траеше премногу долго.
И лесно е да кажеш дека треба да се биде подготвен, но ајде да те видам:
- Календар — користете го, за да си знаете кога треба каде да бидете или што до кога треба да завршите. Многу од нас/вас одбиваат да користат, најчесто под закрилата на “абе ќе паметам” ама со оглед на информациите кои секојдневно ги примаме, мозокот нема толкав капацитет сето тоа да го запамети. А и башка, како рекле старите: “паметниот запишува, не-паметниот, памети!”
- Време — најчеста грешка во преводот на time management е менаџирање на времето, а всушност треба да биде: менаџирање ВО времето. Денот е 24часа, ни секунда повеќе ни секунда помалку. Имајте (реално) време соодветно на плановите кои сакате да ги исполните во текот на денот, неделата, месецот итн.
- Приоретизација — сме пишувале за ова, но да се повториме, не е на одмет. Направете приоритет на работите кои треба да се завршат во текот на денот, неделата итн. Зависно и од времето кое го имате, направете приоритет на задачите, но гледајте да бидат максимум 5 задачи, вклучително и приватни обврски. Гледајте ако можете потешките работи да ги ставите први да бидат.
- Нотес — користете нотес или било која апликација за потсетник. Но немојте да имате од максимум 2 нотеса кои ќе ги користите, да не се изгубите во кој нотес сте запишале што. Исто така, на секоја средба користете нотес, за да знаете што е договорено и кои се вашите, а на другите, обврските.
- Отвореност — да не кажам немојте да бидете “затворени” да барате помош и да прашувате. Знаете како, некои работи самите по себе имаат потреба од помош од други луѓе, а има некои задачи за кои ќе треба да прашате, ако ништо друго, за да ви се разјасни што треба да направите.
- Фокус — кога се работи, се работи. Нема потреба од било какви вознемирувања од типот на социјални мрежи, емаил, посета на веб страни и друго. Работете фокусирано до 60 минути, но и повеќе ако сакате. Колку можете, но најважно е да бидете фокусирани во тој период. Ако седите 2 саати ама не фокусирани, џабе седите. Подобро одморете или што и да е, само не губите време дека работите.
- Подобрување — нека секоја извршена задача ви биде мотив за подобрување во извршување на наредната.
И на крај, малку е непријатно да бидете неподготвени за било што. Јас пробав да ви дадам или потврдам некои од начините како да не бидете, но сепак, мора да си признаеме дека е срамота да си неподготвен.
Со успех во подготовката,
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com